Одлука за награди 2007:
Ни беше особено задоволство да се гледаат филмови во овој уникатен и инспиративен амбиент и сметаме дека Астер фест треба да продолжи да ја негува оваа посебност на складот на документаристиката на Балканот и посебноста на овој магичен, продуховен простор.
Иако во натпреварувачката програма имаше само 9 филмови, работата на жирито воопшто не беше мала бидејќи сите филмови беа вредни за внимание, занимливи и различни како по темата, така и по авторскиот пристап, така што побудија кај жирито интензивна и мошне заинтригирачка дискусија. Со тоа сакаме да го пофалиме изборот на Горан Тренчовски и да му се заблагодариме на Астер фест за приликата да уживаме во квалитетен креативен документарец.
Низ разговор за секој од понудените филмови, жирито сите одлуки ги донесе едногласно.
Наградата Златен стар проектор за најдобар филм до 30 минути му се доделува на филмот ДЕВОЈЧЕТО И НЕЈЗИНАТА ХАРМОНИКА на авторката Билјана Гарванлиева од Германија. Ова дело обработува еден од секојдневните феномени на сите општества во транзиција: положбата и надежта на надарената младина во осиромашената средина. На прецизен и достоен начин авторката со својот тим успеала од оваа општа тема да направи и темелна антрополошка студија за современото македонско општество.
Бронзената потковица на Астер фест, жирито му ја доделува на авторот кој на мошне креативен начин портретира една исклучителна персона низ чијшто живот се рефлектира една цела политичка и културолошка епоха. Со мошне уникатна авторска поетика, авторот ја балансира приказната на јунакињата, реколекцијата на сеќавања, и интерпретацијата на настани со фактографија на едно време кое дури во сегашно време добива вистинска интрепретација. Со исклучителен синеастички пристап авторот не води низ приказната без ниту малку патетика, воспоставувајќи емоција која на јунакињата и дава посебно достоинство и дигнитет. Станува збор за филмот КРАЈНА СУРОВОСТ на Росен Елезов од Бугарија.
Сребрената потковица му припаѓа на филмот ШЕЌЕРЕН ГРАД на Кимон Цакирис од Грција, кој ни даде впечатлива приказна за средбата на машкиот и женскиот пол на судбински план, но и за обидот за разбирање на две општества и две цивилизации. На занаетски брилјантен начин Цакирис со својот тим успеал и во една ретка работа: да направи целовечерна комична мелодрама од потполно документарно градиво.
Главната награда Златна потковица на Астер фест му се доделува на авторот кој како најуспешен жонглер успеал да ја избалансира фактографијата на едно време, приватната семејна сага со луцидна интроспекција. Жирито посебно го истакнува креативното користење на архивот во филмот и смета дека исклучителен успех е постигнат токму во контекстуацијата на тој материјал, каде зад секоја секвенца која не води во минатото, се враќаме во сегашноста преку духовити контемплации на нараторот, за веќе во следната секвенца да бидат успешно вратени во драмската тензија на филмот кој е структуриран како најдобар игран материјал. Суптилноста на филмскиот израз, леснотијата и духовитоста на раскажувањето, како и позитивната емоција кон секој настан, кон секој лик, во секое место на дејствието, го прават искуството на гледачот вистинско уживање. Златната потковица на Астер фест му се доделува на филмот БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА на Петра Селишкар од Словенија.
Жирито смета дека Астер фест во своето трето издание докажа дека е фестивал со голема иднина, фестивал кој иако уште мошне млад, го покажува својот единствен профил, како по местото на одржување, така и по топлата, домаќинска атмосфера. Искрено се надеваме дека пошироката културна заедница на Македонија во иднина ќе го поддржува ова значајно собирање на синеастите од Балканот.
Им честитаме на покровителите, на спонзорите и на градот домаќин кои го имаат одбрано токму овој културен настан да го поддржат. Исто така му честитаме на целиот тим за успешниот фестивал и им се заблагодаруваме како на нив, така и на директорот Горан Тренчовски на одличната организација, топлото гостопримство и на пријатната работна атмосфера која сите уште повеќе не зближи. Посакуваме догодина Астер фест да има подеднакво добри филмови како и сега, повеќе гости, полно сончеви денови, доволно пари и спонзори, како и многу публика.

Ж и р и
Рада Шешиќ, Претседател (Филмски автор и селектор на повеќе фестивали, Холандија)
Ветон Нурколари, Член (Уметнички фотограф и директор на Докуфест - Призрен, Косово)
Зоран Стефановиќ, Член (Сценарист и претседател на Растко - Белград, Србија)

Струмица, 4 јуни 2007